Утрински Весник
Свет

Црногорско МНР: Одлуката на Русија да протера црногорски дипломати е неоправдана

Црногорско МНР: Одлуката на Русија да протера црногорски дипломати е неоправдана

Одлуката на Русија да прогласи црногорски дипломат во Амбасадата на Црна Гора во Москва за персона нон грата беше очекувана во контекст на реципрочни мерки, но во исто време и неоправдана, особено со оглед на фактот што протераниот дипломат се занимавал со активности спротивни на Виенската конвенција.

„Потсетуваме дека црногорското Министерство за надворешни работи ја донесе споменатата одлука за негово протерување врз основа на проценката на релевантните безбедносни органи, се нагласува во соопштението на МНР.

Црногорското министерство додава дека одговорот на руската страна е неоснован и непропорционален, особено во однос на бројот на дипломатскиот персонал на руската амбасада во Подгорица, кој е неспоредливо поголем од црногорскиот во Москва.

Можете да прочитате

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина

САД нападнаа брод кој превезува дрога, објави Трамп

Руски авиони упаднале во Естонија