Утрински Весник
Култура

„Госпоѓиците од Авињон“ – балетска претстава во Националната опера и балет

„Госпоѓиците од Авињон“ – балетска претстава во Националната опера и балет

На 29 март со почеток во 20 часот ќе биде изведена по вторпат балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“, во Националната опера и балет.

За атрактивноста на оваа балетска претстава зборуваат позитивните реакции на присутната публика на премиерната изведба (9 март 2022) , која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, а особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената.

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Текстот „Госпоѓиците од Авињон“ – балетска претстава во Националната опера и балет е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“