Утрински Весник
Магазин

(Видео) Дамите од „Сексот и градот“ се враќаат со нова сезона

(Видео) Дамите од „Сексот и градот“ се враќаат со нова сезона

„И едноставно така“ (And Just Like That), новото поглавје на „Сексот и градот“, е подготвено за втора сезона, соопшти „ХБО макс“ во вторникот.

„Воодушевен сум што можам да раскажам повеќе приказни за овие ведри, храбри ликови – кои ги глумат неверојатни актерки. Факт е дека сите сме воодушевени“, изјави извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг.

Серијата, која заврши во февруари, донесе висока гледаност на „ХБО макс“, а фановите беа задоволни со рестартирањето на „Сексот и градот“. Сепак, критиките беа различни. Новото поглавје не им се допадна на повеќето професионални критичари, но и на некои фанови на оригиналот.

А во одбрана на новото поглавје, директорката на оригинални содржини на Ејч-би-о, Сара Обри, изјави: „Воодушевени сме од приказната генерирана од овие ликови и нивните стории, сместени во свет што веќе го знаеме и сакаме. Горди сме на работата што Мајкл Патрик Кинг и нашите одлични писатели, продуценти, актери и екипа ја направија за да ги донесат овие приказни на екранот. Едвај чекаме фановите да видат што се подготвува за втората сезонa.“

Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите