Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Лефков се симбол за криминалот во државата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Лефков се симбол за криминалот во државата

По денешната прес-конференција на Миле Лефков со реакција излезе СДСМ.

Од партијата наведуваат дека ниедна валкана кампања на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги разубеди граѓаните за тоа која партија и кои политичари се симбол на милионски грабеж, корупција и скандали.

Во најмала рака е забегано тоа што најбогатата партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ која од мала жолта куќа на криминален начин дојде до бела палата вредна 40 милиони евра лажно да обивнува некого за имот. Денешната нова лага и напад врз потпретседателот Стефан Богоев од страна на Лефков потврдува ја потврдува народната изрека: Крадецот вели држте го крадецот! Сакајќи да го преансочат вниманието од сите судски пресуди и потврден криминал во своите редови, ВМРО-ДПМНЕ влегува во очајна негативна кампања без трошка достоинство или вистина во своите обвинувања.

Белиот дворец со велелепни лустери, маси од махагони, позлатени рамки и црвени теписи стои да сведочи за корупцијата и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа истата партија чии високи функционери признаа вина за криминал, кои отвораа оф шор фирми по Белизе, истата партија за која се водат бројни судски предмети за нелегално финансирање и корупција. Тоа се истите луѓе на истите позиции кои преку лажни кампањи се обидуваат да го оправдаат сиот криминал кој веќе е докажан и потврден преку признанија на членови од сопствените редови. Граѓаните нема да наседнат на овие манипулации.

Токму Христијан Мицкоски, како најлошиот директор на ЕСМ, како советник на Груевски за енергетика, е типичен пример како од голтар во политиката се станува бизнисмен со хидроцентрали. Ги повикуваме да престанат да ја замајуваат јавноста и конечно да раскрстат со криминалците во своите редови кои од ден во ден ги признаваат по судовите сите свои криминлани афери и случаи на корупција, се вели во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја