Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден малолетник по сообраќајна несреќа со товарно возило управувано од 19-годишно лице

Тешко повреден малолетник по сообраќајна несреќа со товарно возило управувано од 19-годишно лице

Вчера во 12:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Сопот се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од О.Л.(19) од Куманово и мопед, управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот од с.Горно Којнаре, Кумановско, констатирани во Општа болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, информира полицијата.

Можете да прочитате

Денеска циклон ни носи обилни врнежи, грмежи и ветер

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест