Утрински Весник
Македонија

Малолетничка од Кочани тешко повредена откако мопед управуван од малолетник удрил во паркиран автомобил

Малолетничка од Кочани тешко повредена откако  мопед управуван од малолетник удрил во паркиран автомобил

Вчера во 18.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Раде Кратовче“ во Кочани, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кочани, удрил во паркирано патничко возило „мини морис“, со кочански регистарски ознаки, сопственост на И.И.(36) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот од Кочани, констатирани во Клиничкиот центар во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Можете да прочитате

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО