Утрински Весник
Свет

Поранешен командант на КФОР: Не можам да ја исклучам можноста за Трета светска војна

Поранешен командант на КФОР: Не можам да ја исклучам можноста за Трета светска војна

Поранешниот командант на КФОР Мајкл Џексон, кој беше првиот командант на трупите на Северноатлантската алијанса во 1999 година, не ја исклучи можноста конфликтот во Украина да предизвика Трета светска војна.

Џексон, поранешен шеф на британската армија, нагласи дека руската окупација на Украина го донела светот на „неистражена територија“.

Џексон, кој ја предводеше војската за време на воената интервенција во Ирак во 2003 година, рече дека акциите на Москва значат потенцијално зголемен ризик од развој на нуклеарно оружје.

Запрашан дали мисли дека битката меѓу Украина и Русија може да ескалира во Трета светска војна, тој рече:

„Не можам да го исклучам тоа. Тешко е да се каже“.

Тој изјави дека односите меѓу Западот и Истокот се уште се голема непознаница.

„ Ситуацијата е многу деликатна во однос на Запад-Исток и неговата иднина. Тоа е неистражена територија. Фала му на Бога, не сме виделе употреба на нуклеарно оружје од 1945 година“, изјави пензионираниот британски генерал.

Сепак, тој рече дека не може со сигурност да каже дека можеме да преживееме уште еден век без нивна употреба.

Мајкл Џексон (77) беше првиот командант на силите на НАТО на Косово и потписник на Кумановскиот договор.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking