Утрински Весник
Свет

Украинците тврдат дека убиле уште еден важен чиновник во руската војска

Украинците тврдат дека убиле уште еден важен чиновник во руската војска
Dik 300x250 mk

Украинската војска на „Твитер“ објави дека е убиен уште еден важен руски командант.

„Украинските војници го елиминираа командантот на 331. воздушно-десантен полк на руската армија, полковник Сергеј Сухарев.

Учествувал во битката кај Иловајск во 2014 година, каде што извршил воено злосторство. Конечниот суд набргу ќе ја објави својата пресуда“, се вели на твитер-профилот на украинската армија.

Украинците тврдат дека убиле и четворица руски генерали.

Последниот убиен генерал, кој сѐ уште не е официјално потврден, беше Олег Митјајев. Според Украинците, тој бил убиен во близина на Мариупол.

Можете да прочитате

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Виетнам под налет на тајфунот Калмаеги