Утрински Весник
Магазин

Аманда Сејфрид и семејството спиеле во штала откако ледена бура ја прекинала струјата во куќата

Аманда Сејфрид и семејството спиеле во штала откако ледена бура ја прекинала струјата во куќата

Аманда Сејфрид го натерала своето семејство да спие во штала откако огромна ледена бура ја погодила нејзината фарма.

Во текот на гостувањето во „Шоуто на Кели Кларксон“ во средата, ѕвездата на Dropout се присети на тоа како поради лошото време морала да ги натера своите деца – четиригодишната ќерка Нина и 17-месечен син Томас – да спијат со коњите откако генераторите прегореле на фармата во Кетскилс во северниот дел на Њујорк.

36-годишната актерка ѝ рече на водителката Кели: „Проблемот е ако има ветер и мраз, сè ќе се исклучи. Никој не добива струја. Имаме два генератори, јас сум среќна личност. А нашиот генератор прегоре пред две недели среде огромна ледена бура, едвајизлеговме од куќата“.

Аманда, која со своите деца и сопругот Томас Садоски живеат на ранч бидејќи го сакаат тивок селски живот, вели дека „издржувањето на студот е само една од оние работи што се случуваат кога живееш во рурална средина“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста