Утрински Весник
Магазин

Од актерка до режисерка: Мег Рајан ќе раководи со филмска адаптација на роман

Од актерка до режисерка: Мег Рајан ќе раководи со филмска адаптација на роман

Мег Рајан ќе ја режира филмската адаптација на романот на Сели Франсон од 2018 година, „Женски водич за распродажба“ (A Lady’s Guide to Selling Out) за стриминг-платформата „Нетфликс“.

Новиот проект е опишан како Mad Men Meets Devil Wears Prada.

Според веста на „Дедлајн“, ова е вторпат 60-годишната актерка да ја преземе режисерската палка по нејзиното режисерско деби со драмата „Итака“ од 2015 година.

Драматургот Џени Рејчел Вајнер ќе биде сценарист за адаптацијата што ќе ја продуцираат Гери Фостер и Рас Красноф од „Красноф/Фостер ентертејнмент“ и Ким Хоџерт од „Анонимоус контент“.

Можете да прочитате

Зимски замор по празниците: кој додаток навистина му недостасува на телото во јануари?

Кардиолозите предупредуваат: оваа секојдневна храна тивко ги уништува артериите

Хороскопски знаци со најдлабока и најинтензивна интимна енергија