Утрински Весник
Магазин

Ријана откри дека е во третото тромесечје

Ријана откри дека е во третото тромесечје

Ријана неодамна искрено разговараше за својата бременост додека ја лансираше сопствената линија производи „Фенти бјути“ во „УЛТА бјути“.

Во текот на настанот, 34-годишната поп ѕвезда изјави за „Ел“: „Се будам наутро, и првата мисла ми е мора ли да се облечам?“

„Сè е предизвик, од тоа што да облечете и како ќе се шминкате. Но, јас сакам предизвици.“

Ријана, која го чека своето прво дете од партнерот АСАП Роки, додаде: „Постои труднички сјај. А, ги има и оние денови.“

Таа објасни: „Лицето станува малку заоблено и буцкаво. Носот почнува да се шири. Сè е предизвик, од облекувањето и начинот на кој ќе се шминкате. Но, сакам предизвици“.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 01 Јули 2026 година

Дневен хороскоп за 30 Јуни 2026 година

Чадот од шумските пожари го зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари и може да биде смртоносен