Утрински Весник
Македонија

Бочварски и американската амбасадорка разговараа за капиталните инфраструктурни проекти

Бочварски и американската амбасадорка разговараа за капиталните инфраструктурни проекти
Dik 300x250 mk

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работна средба со американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата се разговарало за реализација на капиталните проекти во Северна Македонија, со посебен фокус на патниот и железничкиот Коридор 8.

„Поддршката што ни ја даваат САД на нашиот пат кон ЕУ интеграцијата е огромна. Соработката е на одлично ниво. Како земја која претендрира да стане членка на ЕУ имаме многу предизвици, особено во делот на инфраструктурните проекти, кои се многу значајни за нас и кои ќе придонесат за поефикасно регионално поврзување со соседите. Со поддршката од нашите пријатели продолжуваме на патот на развојот и просперитетот“, изјавил министерот Бочварски.

Соговорниците воедно ја истакнале важноста од развојот на инфраструктурата заради полесна интеграција на земјата во европските патни и железнички системи.

Можете да прочитате

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни

ВЛЕН: Реформата на ДУИ започнува и завршува со Блерим Беџети