Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица, пронајден хероин и 4.500 евра

Приведени две лица, пронајден хероин и 4.500 евра

Полицијата ги приведе Ш.И.(33) од Куманово и Р.З.(37) од Свети Николе. При преглед во возилото и нивен личен преглед, кај Ш.И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај Р.З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Мицкоски: Со задоволство ќе го угостам Трамп Македонија

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството