Утрински Весник
Македонија

Пронајдени мигранти, приведен криумчарот

Пронајдени мигранти, приведен криумчарот

Вчера околу 19.30 часот на автопатот А1 Гевгелија-Неготино, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(53) од Скопје.

При контрола во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ., биле пронајдени четири лица илегални мигранти од Сирија. Љ.Ѓ. бил предаден во Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.

За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле екипи од Регионален центар за гранични работи Југ и Полициска станица Неготино.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Алиу: За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен

Промовиран нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи од медицина на трудот

Сиљановска-Давкова ги прими виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева