Утрински Весник
Спорт

Кајри Ирвинг со 60 поени го победи Орландо

Кајри Ирвинг со 60 поени го победи Орландо

Кајри Ирвинг, измината ноќ, го одигра најдобриот натпревар во кариерата. Бекот на Бруклин го предводеше тимот во убедливата победа во Орландо 108:150.

Ирвинг натпреварот го заврши со 60 поени, тоа е негов личен рекорд и воедно го израмни најдобриот поентерски учинок оваа сезона во лигата. Пред само 48 часа, 60 поени постигна центарот на Минесота, Карл-Ентони Таунс.

Кошаркарот на Бруклин во првото полувреме постигна 41 поен, што е најдобро остварување во едно полувреме уште од 2017 година, кога Девин Букер постигна 51 поен во првите две четвртини.
Резултати:

Индијана-Мемфис 102:135
Мајами-Детроит 105:98
Њу Орлеанс-Финикс 115:131.



> Кајри Ирвинг со 60 поени го победи Орландо <

Можете да прочитате

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри