Утрински Весник
Спорт

Медведев ќе може да игра на Вимблдон само ако јавно се откаже од Путин

Медведев ќе може да игра на Вимблдон само ако јавно се откаже од Путин
Dik 300x250 mk

Британскиот министер за спорт, Најџел Хадлстон, објави важна вест за руските и белоруските тенисери. Апсолутно никој на Вимблдон нема да може да настапи под руското и белоруското знаме. Тоа значи дека Данил Медведев ќе може да настапи само ако јавно го осуди рускиот претседател Владимир Путин.

„Треба да се погрижиме Русите кои ќе играат на Вимблдон воопшто да не го поддржуваат Владимир Путин, а размислуваме што да правиме за да добиеме гаранции. Првиот чекор е јасно да се дистанцираат од Владимир Путин, неговите ставови и постапки. Нема шанси да дозволиме веење на руски знамиња, но и појавување на оние кои на било каков начин го поддржуваат Путин и неговиот режим“, изјави министерот за спорт на Велика Британија.

Русите се меѓу елитата во светскиот тенис. Андреј Медведев е број еден на АТП-листата, а неговиот истоименик Рублев е седми, Аслан Карачев е на 22. место.

Белорусинката Арина Сабаленка е трета во светот, нејзината сонародничка Викторија Азаренка е на 15. позиција, додека Русинката Анастасија Пављученкова е едно место пред неа.

> Медведев ќе може да игра на Вимблдон само ако јавно се откаже од Путин <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја