Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Милановиќ: Србите се само фуснота за Русите, ништо не им значат

Милановиќ: Србите се само фуснота за Русите, ништо не им значат
300x250 opst2

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека Босна и Херцеговина е аберција и пореметување што е такво веќе 25 години поради, како што кажа, поради европските комесари.

„Но, тоа е на хрватската граница. И како за белја, таму сè уште живеат 500 илјади Хрвати. Е па… Дека нè засега нас, нè засега, барем според мене“, рече Милановиќ, одговарајќи на прашање за ситуацијата во БиХ, а пренесува хрватски „Индекс“.

Тој повтори дека договор во БиХ не може да се постигне без Србите и нивните претставници. Хрватскиот претседател смета и дека одредени бошњачки елити во моментот им создаваат проблеми на босанските Хрвати, а не тамошните Срби.

„Тоа е факт. Кој мислеше експресно брзо да им пие крв на Србите, греши“, рече тој.

„Србите сигурно сфатија во какви глупости влегоа и дека тие се само фуснота за Русите. Тие не значат ништо за Русија“, рече Милановиќ, додавајќи дека Србите ќе разберат дека би било корисно за нив да влезат во Европската унија, но не и во НАТО, што според него е непотребно.

Можете да прочитате

Зеленски бара акција против „воздушниот терор“ на Москва по над 4.000 напади за една недела

Папата вели дека примирјето во Газа дава „искра на надеж“

Хамас соопштил дека уште денеска може да ги ослободи заложниците, потврди дека 20 се живи