Утрински Весник
Спорт

Хамилтон: Ботас е брз, Ред Бул и Ферари се неверојатно брзи

Хамилтон: Ботас е брз, Ред Бул и Ферари се неверојатно брзи

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, знае какви предизвици го очекувата оваа сезона. Истакнува дека ќе би било неверојатно кога би ја освоил шампионската титула. Британецот, во јануари, наполни 37 години, сезонава ќе се обиде да ја освои рекордната осма титула.

Хамилтон е свесен дека го очекува тешка задача, особено по тестирањата во Бахреин, каде Мерцедес имаше одредени проблеми.

„Тестирањата во Бахреин беа тешки. Имаше болиди кои беа многу брзи. Алфа Ромео беа брз. Валтери Ботас беше брз. Очигледно дека Ред Бул имаат неверојатна брзина во овој момент, истото важи и за Ферари. Но ние сме најдобриот тим. Во тоа не се сомневам“, рекол Хамилтон.

Новата сезона во Формула 1 започнува овој викенд во Бахреин.

> Хамилтон: Ботас е брз, Ред Бул и Ферари се неверојатно брзи <

Можете да прочитате

Историски успех: Лина Ѓорчевска се пласира во главната фаза на Вимблдон

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија

Барбарез: Сакавме да направиме историја, но не знаевме дека ќе стигнеме толку далеку