Утрински Весник
Економија

Мицкоски се сретна со директорот на Светска банка за Македонија

Мицкоски се сретна со директорот на Светска банка за Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес се сретна со директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи.

На состанокот се разговараше за актуелната економска ситуација во земјата со фокус на проектите кои се финансирани од страна на Светска банка.

Мицкоски потенцираше дека е неопходно да се започне со фискална консолидација, со внимателно и домаќинско располагање на државните пари во пресрет на идните предизвици, а при веќе големи кумулирани обврски кои доставуваат за отплата во наредниот период.

Мицкоски укажа дека задолжувањето веќе е до алармантно ниво и затоа само преку брзо воспоставување на фискални правила може да се постигне целта, за што посочува и Светска банка.

Воедно, на состанокот се разговараше и за имплементацијата на проектите за локални патишта, и неговото претстојно одобрување од страна на Парламентот.

Во интерес на обезбедување на енергетска ефикасност на општините се разговараше и за реализацијата на расположливиот кредит од Светска банка за оваа намена.

Состанокот помина во конструктивна атмосфера, со што претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како и до сега, така и во иднина е спремна на соработка со Светска банка за сите отворени прашања кои се во интерес на обезбедување на подобар животен стандард на граѓаните.

Можете да прочитате

Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите на пленарна седница

ЕБОР со над 10 милијарди евра инвестиции во Србија од 2001 година

Словачка ни завидува на економскиот раст