Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Хамилтон: Не сме подготвени за победи, нашиот болид не е најбрз

Хамилтон: Не сме подготвени за победи, нашиот болид не е најбрз
300x250 opst2

Луис Хамилтон во пресрет на стартот на новата сезона во Формула 1 изјави дека новиот болид на Мерцедес не е подготвен да се бори за првото место. Да потсетиме, Мерцедес славеше во тимскиот поредок во последните осум сезони, а Хамилтон остана без титула на последната трка минатата сезона во директниот дуел со Макс Верстапен.

„Во моментов мислам дека не сме подготвени да победуваме… Мислам дека луѓето ќе бидат изненадени… Ние не сме најбрзиот болид. Ферари е веројатно најбрзиот, тука е Ред Бул, а потоа ние или Мекларен… Не знам кој е трет, но знам дека не сме најбрзи“, изјави Хамилтон.

“Чувството е многу поразлично од минатата година. Сега имаме многу поголеми предизвици и мораме многу да забрзаме. Имаме потенцијал да бидеме најдобри, но ќе мора да решиме некои проблеми и да надминеме неколку пречки”. изјави Хамилтон во пресрет на почетокот на новата Формула 1 сезона на 18 март.

> Хамилтон: Не сме подготвени за победи, нашиот болид не е најбрз <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент