Утрински Весник
Свет

(Видео) Русите срушија селско училиште во близина на Николаев

(Видео) Русите срушија селско училиште во близина на Николаев

Училиште во селото Зеленогаи, на околу 10 милји или 16 километри источно од Николаев, беше уништено од руски воен удар, изјави регионалниот администратор на Николаев, Витали Ким.

Видеата и фотографиите од локацијата, кои се геолокацирани и потврдена нивната автентичност, покажуваат дека поголемиот дел од училиштето е претворен во урнатини.

Ким потврди дека училиштето во областа Николаев е погодено и објави видеа и фотографии на Интернет.

„Некои луѓе паднаа под урнатините и ги евакуираме“, рече Ким.

На видеото се гледаат пожарникари и спасувачки служби.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите