Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Шкендија сака триумф над Тиквеш за излез од кризата

Шкендија сака триумф над Тиквеш за излез од кризата
300x250 opst2

Актуелниот првак Шкендија не победи на двата последни натпревари во Првата фудбалска лига и затоа има императив да оствари триумф на денешниот меч (15 часот) против Тиквеш во 23.коло. Дефанзивецот Меџит Незири верува дека тимот ќе одговори на вистинскиот начин.

„Треба да ги заборавиме последните два натпревари и да се фокусираме на продолжението од првенството. Со натпреварот против Тиквеш влегуваме во третата фаза од првенството и дефинитивно мораме да им се вратиме на победите. Наша цел во овие последни 11 натпревари што преостануваат е да собереме максимален број бодови. Серијата победи треба да започне од денешниот натпревар против Тиквеш“, вели Меџит Незири.

Тиквеш минатиот пат успеа да остане непоразен кога и гостуваше на Шкендија.

Македонија Ѓорче Петров е единствениот тим со максимален број победи во пролетниот дел од сезоната, па ѓорчепетровци сакаат серијата да продолжи и на денешната пресметка против Скопје.

Академија Пандев го пречекува тимот на Струга Трим Лум во Струмица, а Брегалница е домаќин на Борец. Утре ќе играат Ренова и Пелистер.

Вчера, Шкупи го совлада Работнички со 2:0, во првиот натпревар од 23. коло во Првата фудбалска лига.

  (function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1950-37708”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Шкендија сака триумф над Тиквеш за излез од кризата <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица