Фановите на DC треба да се подготват.
„Ворнер Брос“ објави голем број одложувања и промени за повеќе филмови, вклучувајќи го и многу очекуваниот филм „Блек Адам“ со Двејн Џонсон, „Флеш“, „Лига на супер миленичиња“, и продолженијата на „Аквамен“ и „Шазам“.
„Блек Адам“ е одложен од јули за 21 октомври, а „ДС Лига на супер-миленичиња“ е одложен од мај за 29 јули.
„Аквмен 2“ наместо во декември, ќе има премиера на 17 март следната година, и „Флеш“ ќе дебитира во ноември, а беше планиран за јуни.