Денешново излагање е продолжение на вчерашната прес конференција каде што обелоденивме за продажба на ултра атрактивна локација во општина Центар по цена од неверојатни само 7 евра. Оваа продажба се разбира ја изврши власта предводена од СДСМ, истакна Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе ги повторам наводите кои што вчера ги изнесовме: Се продава ултра атрактивно земјиште, градежно земјиште во општина Центар за само 7 евра на локација која што е атрактивна, и каде што цената од квадрат достигнува и до 2000 евра за м2. На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 спрата каде што цената е 2000 евра по квадрат. Да направиме едноставна математика, 15 ката по 2000 евра добиваме 30.000 евра за м2, а притоа продажна цена е само 7 евра. Значи седум евра овдека за земја би биле околу 30.000 евра изградени горе во деловен простор. А, министерството за финансии, министерството за транспорт и врски и Општина Центар одобруваат продажба од само 7 евра за м2“, потсети Ивановски.
„Да поедноставам прво имаме дивоградба, таа дивоградба се легализира, потоа дооформување на земјиште и скоро без пари ја добивате ултра атрактивното градежно земјиште. Тоа се случи, а тоа го овозможи СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз во вчерашна изјава се повикуваше на тоа дека законите биле донесени од претходната влада, дека биле стари и така натака, и тоа е одговор кој што го очекувавме ние, и затоа ќе ги потсетиме на нивните изборни ветувања кои што ги направија 2020-та година“, додаде Ивановски.
Истакна дека петта година СДСМ се на власт, и ако сметале како што рече дека законските решенија не се соодветни, не се добри, а вчера се произнесоа дека не биле соодветни, можеле да извршат измени на законите и да доведат до нивно подобрување. Според него, пет години тие не го сториле тоа.
„Ние не гледаме како 15 катници ја унапредуваат животната средина и природата, а околу транспарентноста, можеме да ги запрашаме жителите овдека на Капиштец дали барем еден од нив знаел дека во неговото маало ќе му никне 15 катница и истата инвеститорот ја платил за 7 евра за м2. Граѓаните се соочуваат со драстични поскапувања на станбениот простор во Скопје, додека цената на квадратот пораснува за 20, 25% пораст и надминуваат над 1500 евра за квадрат, СДСМ продаваат градежно земјиште за багателни 7 евра. Тоа е неправеден однос кон граѓаните, но не е ништо неочекувано поради тоа што СДСМ е на влас“, кажа Ивановски.