Утрински Весник
Свет

Путин и Лукашенко се сретнаа во Москва: Русинот зборуваше за ситуацијата во Украина

Путин и Лукашенко се сретнаа во Москва: Русинот зборуваше за ситуацијата во Украина

Во Москва се одржа средбата меѓу рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко.

Рускиот претседател на почетокот на средбата им честиташе на колегите за успешно одржаниот референдум во Белорусија.

Потоа Путин зборуваше за ситуацијата во Украина.

Тој му рекол на Лукашенко дека има одредени позитивни движења во преговарачкиот процес со Украина.

Лукашенко рече дека донел мапа на состанокот, која, според него, ги открива плановите на Украина за напад на Белорусија.

– До крајот на годината луѓето ќе заборават на конфликтот во Украина – изјави Лукашенко.

Путин додаде дека СССР отсекогаш живеел под санкции и успеал, а потоа ги нарече западните санкции како шанса за зајакнување на технолошкиот суверенитет.

– Тоа е голем удар за руската економија, но сѐ уште функционира во областите каде што претходно беа воведени санкции – рече Путин.

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска