Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: Ова е одлучувачки момент за Европа

Фон дер Лајен: Ова е одлучувачки момент за Европа

Лидерите на ЕУ почнаа да пристигнуваат во Версајската палата во Париз на самит на кој ќе се разговара за тоа како да се намали зависностa од руската енергија и како да се зајакне политичката и моралната поддршка за Украина.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави за новинарите дека војната на Путин е одлучувачки момент за Европа.

„На овој самит ќе ја преиспитаме европската одбрана. Ќе ја преиспитаме енергијата. Треба да се ослободиме од нашата зависност од руските фосилни горива, а за тоа ни се потребни големи инвестиции во обновливите извори на енергија. Ова е исто така стратешка инвестиција во нашата безбедност и независност“, додаде таа.

„Ние, исто така, сигурно ќе зборуваме за Украина како дел од нашето европско семејство. Сакаме слободна и демократска Украина со која делиме заедничка судбина“, рече претседателката на Европската комисија.

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска