Утрински Весник
Магазин

Неколку серии на „Нетфликс“ се селат во „Дизни плус“

Неколку серии на „Нетфликс“ се селат во „Дизни плус“

Daredevil, The Punisher и неколку други Марвел-серии ќе се преселат од „Нетфликс“ во „Дизни плус“ на 16 март.

„Дизни плус“ го проширува својот веќе импресивен каталог со уште повеќе Марвелови наслови што ќе стигнат до претплатниците во Сингапур на 16 март. Се чини дека е соодветно што проектите на студиото „Марвел“ ќе бидат стримувани од „Дизни плус“ имајќи предвид дека „Марвел“ е подружница на „Дизни“.

Насловите на Марвел што ќе бидат достапни на оваа стриминг-платформа вклучуваат: Daredevil, Jessica Jones, Iron Fist, The Defenders, The Punisher.

Овие серии беа на „Нетфликс“ порано, но сега наоѓаат нов дом на „Дизни плус“.

Можете да прочитате

Нина Талеска освои сребрен медал на Светското првенство во хип-хоп во Полска

Плаќале за секоја убиена змија кобра, а граѓаните почнале да ги одгледуваат дома – приказна за одлука што се вратила како бумеранг

Заборавил „Покемон“ картички на таван, а потоа ги продал за 1,56 милиони фунти