Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци во Скопје, украденото пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот

Приведени крадци во Скопје, украденото пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот

Синоќа во 19.30 часот од страна на Одделението за криминалистички работи Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода С.П.(34) и И.Б.(21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден во гаражен простор на трговски центар на подрачјето на Гази Баба извршиле тешка кражба во патничко моторно возило “шкода“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на В.В. од Неготино при што одзеле повеќе предмети.

Тие биле приведени во Полициската станица Бит Пазар и кај нив биле пронајдени украдените предмети, како и алат со кој било извршено кривичното дело.

Со нив бил извршен службен разговор, во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.

По целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да застане покрај Владата во одбрана на националните интереси, Филипче сака да го надмине Заев во предавствата

Тошковски од Куманово: Хероите од „Диво Насеље“ вечно ќе живеат во колективната меморија на македонските граѓани

Филипче му честиташе на Маѓар: Слободна Унгарија дава надеж за слободна Македонија!