1. Дали е важно времетраењето на сексот?
За да не заврши сè премногу брзо, мажите користат разни трикови меѓу кои и да размислуваат за нешто сосема друго. Сепак, истите трикови понекогаш можат да го продолжат сексот и повеќе од половина час, што на партнерката може да и стане непријатно. Важно е времетраењето, а за жената да биде задоволна, сексот во просек треба да трае 15-20 минути. Се разбира, секогаш можете да се договорите со партнерот за тоа што ви се допаѓа.
2. Дали големината навистина е важна?
Големината навистина не е пресудна, бидејќи без добра техника нема да се паметат ниту најнадарените. Доколку машкиот полов орган е преголем, можно е тоа дури и да биде болно и непријатно искуство.
3. Дали предиграта е преценета или потценета?
Повеќето жени сакаат предигра. Но тоа не значи само бакнување и гушкање. „Загревање“ за секс може да се смета и времето поминато заедно со партнерот во сензуален разговор пред сексот.
Меѓутоа, понекогаш брзиот, спонтан секс како оној на масата во кујната е страстен како и сексот со предигра.
4. Дали жената е незадоволна ако не доживее оргазам?
Наместо тоа, би можело да се каже дека жената се чувствува изневерено ако партнерот не и’ дозволи да доживее оргазам. Сепак, тоа е важен показател дека мажот се грижи за својата партнерка. Оргазмот е речиси исто толку важен за жените како и за мажите, единствената разлика е во тоа што тие не чувствуваат болка во пределот на интимните органи доколку се возбудат и не го доживеат.