Утрински Весник
Свет

Состојбата во Мариупол е очајна: „Нема вода, луѓето топат снег“

Состојбата во Мариупол е очајна: „Нема вода, луѓето топат снег“
Dik 300x250 mk

Вработен во хуманитарната организација Лекари без граници ја опиша ситуацијата во опколениот Мариупол.

„Синоќа гранатирањето се приближуваше. Собиравме снег и дождовница за да имаме вода. Се обидовме да дојдеме до водата што ја делат властите, но редицата беше огромна“, напиша службеникот.

„Во гранатирањето беа уништени неколку продавници, се што остана во нив беше однесено од очајни луѓе. Сè уште нема струја, вода, греење и сигнали од мобилните телефони. Аптеките се без лекови“, наведе тој.

Хаос по пропадната евакуација

Според последните информации, руските сили продолжиле да го гранатираат градот и да ја претворат планираната масовна евакуација на цивили во хаос, иако прогласија прекин на огнот само неколку часа претходно, објави Би-Би-Си.

„Јас сум во Мариупол, на улица и слушам гранати на секои неколку минути“, вели 44-годишниот инженер Александар.

„Гледам автомобили на луѓе кои сакаа да побегнат од градот и сега се враќаат. Тоа е хаос“, рече тој.

По пропадната евакуацијта украинските власти соопштија дека бегството било невозможно оти Русите продолжиле со гранатирање. Од друга страна, руското министерство за одбрана наведе дека Украинците ја спречиле евакуацијата на цивили. Русија реагира дека руските сили биле нападнати откако организирале хуманитарни коридори за евакуација на цивили од Мариупол.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник