Утрински Весник
Магазин

Шон Пен се врати во САД по одисејата во Украина

Шон Пен се врати во САД по одисејата во Украина

Тој е една од првите холивудски ѕвезди што отпатуваа во Украина за да снима воен документарец за рускиот напад.

Без никакво навестување за можен крај на воените дејства, актерот и режисер Шон Пен безбедно се врати дома во Лос Анџелес во средата, каде што беше виден со отуѓената сопруга Лејла Џорџ и нивните кучиња.

Само неколку дена претходно 61-годишниот оскаровец откри како неговата кратка посета на Украина завршила со тоа што пешачел со часови до полската граница.

Претходно оваа недела, тој на „Твитер“ ги сподели своите искуства во обидот да излезе од земјата во услови на војна.

Во твитот ѕвездата на Milk раскажа како тој и неговата филмска екипа одлучиле да го остават автомобилот и да продолжат пеш откога виделе илјадници жители на Украина како масовно ја напуштаат земјата, што резултирало во километарски колони возила.

Можете да прочитате

Големи настани и безвременски шарм: Водич низ Истанбул

Дневен хороскоп за 15 мај 2026 година

Global Engineer Girls North Macedonia дел од средбата на девојки-инженери од осум држави