Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец кој илегално превезувал мигранти од Куба

Приведен скопјанец кој илегално превезувал мигранти од Куба

Скопјанец бил затекнат додека илегално превезувал мигранти на автопатот Неготино-Демир Капија.ж

„Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Г.Ц.(41) од Скопје. При преглед на патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц., биле пронајдени двајца илегални мигранти од Куба“, информираа од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Можете да прочитате

Македонец пронајден мртов после 22 години потрага

Експретседателот на скопскиот Основен суд се пријавил на огласот за државен јавен обвинител

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо