Утрински Весник
Свет

Руската амбасада бара од САД да ја осудат изјавата на сенаторот Греам за убиство на Путин

Руската амбасада бара од САД да ја осудат изјавата на сенаторот Греам за убиство на Путин

Руската амбасада во Вашингтон побара од САД официјално да ја објаснат и да ја осудат изјавата на сенаторот Линдзи Греам за рускиот претседател Владимир Путин.

Сенаторот Греам, републиканец што ја претставува Јужна Каролина во американскиот Сенат, претходно на „Твите“ праша дали Русија го има Брутус или има поуспешен полковник Стауфенберг во руската армија, познат по обидот да го убие Хитлер.

„Единствениот начин да се стави крај на ова е некој да го отстрани тој човек (Путин). Ќе си направиш голема услуга на себе и на целиот свет“, напиша Греам.

„Бараме официјално објаснување и остра осуда на криминалните изјави на тој Американец“, соопшти руската амбасада на „Фејсбук“.

Според рускиот амбасадор Анатолиј Антонов, изјавата на Греам е неприфатлива и нечуена, пренесува „РИА новости“.

„Невозможно е да се поверува дека сенатор на земја што ги проповеда своите морални вредности како ѕвезда водилка за целото човештво може да си дозволи да повикува на тероризам како начин за постигнување на целите на Вашингтон на меѓународната сцена“, рече Антонов.

Тој додаде дека се плаши за судбината на САД, на чие чело, како што наведе, се толку неодговорни и непрофесионални политичари.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција