Утрински Весник
Свет

H&M и Spotify беа меѓу последните кои се повлекоа од Русија

H&M и Spotify беа меѓу последните кои се повлекоа од Русија

Списокот на меѓународни компании и организации кои суспендираат или престануваат да работат во Русија продолжува, пишува Би-Би-Си.

Последните што се повлекоа се Светската банка, Spotify, H&M, Sitigroup.

H&M денеска објави дека ја суспендира целата продажба во Русија. Синџирот е многу популарен во земјата, со над 155 продавници, што ја става Русија во првите десет земји во светот според бројот на продажни места.

Светската банка објави дека во моментов ги суспендира сите програми во Русија и Белорусија.

Банката веќе значително го намали своето работење по руската анексија на Крим во 2014 година и оттогаш не одобри никакво ново кредитирање.

Можете да прочитате

Катарски танкер со гас помина низ Хормуз

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина