Телевизискиот канал „Некста“ ја објави насловната страница на новиот број на познатиот француски сатиричен магазин „Шарли Ебдо“.
Насловната страница се однесува на тековната руска инвазија на Украина Која влезе во седмиот ден, а на неа е мајмун со ликот на рускиот претседател Владимир Путин, чија урина капнува на нуклеарно копче, додека траат стравувањата за можен нуклеарен конфликт.
?Charlie Hebdo magazine will be released with this cover tomorrow pic.twitter.com/crJ1MZ1MVX
— NEXTA (@nexta_tv) March 1, 2022
Во неделата, Путин и нареди на воената команда да ги стави силите за нуклеарно одвраќање во состојба на висока готовност по агресивните изјави на земјите од НАТО.
„На пат кон 21 век“, пишува на насловната страница објавена на Твитер.
„Шарли ебдо“ на насловната објави и интервју со експерт за Русија. По објавувањето на насловната следеа бројни коментари.
„ Пуштете го ова на мегафон на руски конвој заглавен во калта“, рече еден корисник.
Еден корисник напиша „суптилно“ во коментар, на што друг одговори: „ Искрено, во споредба со она што го направија, тоа е многу суптилно“.
„Толку вистинито“ и „многу соодветно“ се меѓу другите коментари, додека еден корисник истакна дека „тоа сатиризира дел од демократијата“, потсетувајќи на нападите врз „Шарли ебдо“ поради нивните претходни карикатури.
Магазинот „Шарли Ебдо“ е познат по своите сатирични цртежи, кои постојано беа насочени кон напади по објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед, вклучително и онаа во јануари 2015 година, кога двајца исламисти влегоа во редакцијата и убија 12 лица.