Утрински Весник
Економија

Нови санкции против Белорусија

Нови санкции против Белорусија

Дипломатите на Европската унија одобрија нови санкции кои ќе влијаат на белоруската економија.

Тие ќе вклучуваат сектори како што се дрвната индустрија, челик и калиум ѓубрива, пренесува „Ројтерс“.

Официјални претставници на ЕУ оваа недела изјавија дека една од целите на новите санкции наметнати на Минск е да се запре извозот на белоруски производи во ЕУ, покрај оние кои веќе се предмет на санкции воведени откако белорускиот претседател Александар Лукашенко ги задуши протестите по изборите во август 2020 година.

„ Овие мерки ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ за да стапат во сила“, се вели во соопштението на ЕУ, но не е прецизирано кога ќе бидат објавени.

ЕУ претходно го забрани извозот на калиумови ѓубрива и нафтени деривати на Белорусија. Но, дипломатите рекоа дека и покрај тоа, Белорусија извезувала калиумови ѓубрива во ЕУ преку Украина, а тие исто така го зголемиле извозот на производи добиени од јаглен.

Можете да прочитате

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата нема да може ниту камати да плаќа

СДСМ: Следува нов ценовен удар – Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

ЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!