Генералштабот на вооружените сили на Украина информираше дека Русија подготвува поморски десантни операции во Црното Море.
„Се распоредува група бродови во оперативната зона на Црното Море (Вооружените сили на Руската Федерација) и продолжува да се подготвува за поморска операција за слетување“, тврди украинската страна.
По опсадата на Мариупољ, ослободувањето на Херсон, руската војска сега е на приодите кон Николаев.
Украинците стравуваат дека Русите ќе се обидат да ја заземат Одеса со десант.
Центарот на Одеса е пуст, ова место повеќе личи на град на духови. Градот е забарикадиран со вреќи со песок и се подготвува за борба.
Бомбардирањето не е започнато, но третиот по големина град во Украина изгледа како веќе да е бомбардиран, пишувааат агенциите.
Жителите на Одеса со денови се предупредуваат за можноста за десантирање од руски војници, па затворениците, криминалните групи, екстремистите се ослободени, но дел од проукраинското население го има преземено оружјето кое владата неселективно го дистрибуирала.