Утрински Весник
Свет

Захарова: Протерувањето на руските дипломати од ОН е ескалација на односите предизвикани од Вашингтон

Захарова: Протерувањето на руските дипломати од ОН е ескалација на односите предизвикани од Вашингтон

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија жали за протерувањето на 12 руски дипломати од ОН.

САД протераа 12 руски дипломати од Обединетите нации поради загриженост за националната безбедност, соопштија американски и руски дипломати.

Захарова истакнува дека Русите овој чин го сметаат за намерна и цинична ескалација на односите меѓу Русија и САД.

– Протерувањето на 12 дипломати од ОН го сметаме за намерна и цинична ескалација на руско-американските односи, што беше испровоцирано од Вашингтон со кршење на неговите обврски – напиша Захарова.

Таа порача дека САД нема да останат без соодветен одговор.

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег