Утрински Весник
Свет

Во гранатирањето на Харков загинаа 21 лице, а 112 се ранети

Во гранатирањето на Харков загинаа 21 лице, а 112 се ранети

Најмалку 21 лице загина, а 112 се ранети во гранатирањето на градот Харков во источна Украина во последните 24 часа, изјави регионалниот гувернер Олег Синехубов, пишуваат украинските агенции.

Властите соопштија дека руските ракетни напади го погодиле центарот на вториот по големина град во Украина, вклучувајќи ги станбените населби и зградата на регионалната администрација.

Слични напади во кои десетици беа убиени и ранети во Харков претходниот ден вклучуваа и касетни бомби, велат експертите.

„Потсетуваме дека западно од Киев, во градот Житомир, четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа од руска крстосувачка ракета“, изјави украинскиот претставник.

Украина продолжува да покажува значајна решителност да ја одбие инвазијата, бидејќи стотици илјади лица бегаат од земјата разурната од војна и на жените и децата им е дозволено да ја напуштат, но мажите на возраст од 18 до 60 години мора да останат.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра