Утрински Весник
Свет

Шојгу: Украина користи цивили како жив штит

Шојгу: Украина користи цивили како жив штит

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја обвини Украина за користење на цивилите како жив штит.

– Во дворовите на станбените згради, во близина на училишта и градинки се поставени ракетни системи, топови, минофрлачи со голем калибар – рече министерот.

Шефот на воениот оддел им се заблагодари на руските војници и офицери за нивната храброст и херојство.

Тој на брифингот во вторникот наутро рече дека руската армија ќе ги продолжи операциите во Украина додека не ги постигнат своите цели.

– Главната цел на руската воена операција во Украина е одбрана на земјата од воената закана создадена од Западот, а руските сили ќе ја продолжат мисијата додека не ги постигнат своите цели – рече Шојгу, пренесува Спутник.

Шојгу рече дека руската армија нема намера да ја „окупира“ украинската територија и нагласи дека војниците прават се што е можно за да ги спасат животите на цивилите, вклучително и ограничување на нападите врз воени објекти само со прецизно оружје.

– Главната работа за нас е да ја заштитиме Руската Федерација од воената закана од западните земји, кои се обидуваат да го искористат украинскиот народ во сопствената борба против нашата земја – додаде Шојгу.

Можете да прочитате

Претседателката на Молдавија: Русија сака да нè претвори во отскочна даска за напади во ЕУ

Израел со ракетен напад врз главниот град на Катар, гаѓал лидери на Хамас

Северна Кореја одбележува 77 години од основањето со повик за единство и самостојност