Утрински Весник
Македонија

Без вода делови од Општина Центар

Без вода делови од Општина Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради реконструкција на пумпена станица Водно во периодот од 22.00 часот на 02.03.2022 година (среда) до 07.00 часот на 03.03.2022 година (четврток) ќе се врши реконструкција на усисниот дел од пумпената станица и чистење на резервоарот Водно.

Поради овој технички зафат постои можност за прекин на водоснабдувањето во посочениот временски интервал на дел од населеното место Водно и на клиниките за Хематологија и Трансфузиологија (о. Центар).

Можете да прочитате

РСБСП: Безбедноста на децата во сообраќајот е заедничка одговорност

Воскреснување без докажана штета: Вишото ЈО повторно го отвори „Мазут“

Филипче од Кочанско: СДСМ ќе предложи законски решенија за помош на оризопроизводителите