Утрински Весник
Македонија

Заев: Упатувам силна осуда за агресијата врз Украина

Заев: Упатувам силна осуда за агресијата врз Украина

Поранешниот премиер Зоран Заев попладнево преку социјалните мрежи ја осуди агресијата врз Украина и упати поддршка до раководството на земјата.

„Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ. Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст.

Тие се нашите херои, а ние нивните поддржувачи.

Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината“, се посочува во објавата на Заев.

Како што вели тој, Северна Македонија, НАТО, ЕУ и целиот демократски свет, стојат исправено на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори.

Можете да прочитате

Нива акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш

Уапсен канадски државјанин, сакал да изнесе културно богатство од државата

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца