Утрински Весник
Македонија

Приведен разбојник во Тетово

Приведен разбојник во Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 13 часот и 40 минути го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец А.А.

Тој се сомничи дека претходниот ден извршил разбојништво во спортска обложувалница на улица Цветан Димов” во Тетово, во која и се заканил на вработената со тврд предмет и одзел пари.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа

Николоски на увид на автопатот Охрид-Кичево