Утрински Весник
Македонија

Скопјанец осомничен за обид за разбојништво во аптека

Скопјанец осомничен за обид за разбојништво во аптека

Скопското јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен скопјанец, осомничен дека извршил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

На 22 февруари, на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје, осомничениот влегол во аптека и од вработената побарал да му ги даде парите. Таа му кажала дека нема пари и му рекла да ја напушти аптеката. Во тој момент, осомничениот и се доближил и започнал да ја турка со намера да дојде до касата. Вработената зела пластична столица и започнала да го оттурнува, па повикала помош. Бидејќи не можел да стигне до касата, осомничениот ја напуштил аптеката, но на излезот го пресретнале припадници на агенција за обезбедување и го лишиле од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија