Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДСМ предизвикаа стагфлација, цените растат, економијата тоне, а платите губат вредност

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДСМ предизвикаа стагфлација, цените растат, економијата тоне, а платите губат вредност

„Ковачевски и СДСМ предизвикаа стагфлација, цените растат, економијата тоне, а платите губат вредност.

Во Македонија заради неспособноста на СДСМ имаме реална стагфлација, инфлацијата е на енормни 6.7%, додека производството опаѓа, економијата тоне.

Само во првите 48 дена владата направи буџетски дефицит од 164 милиони евра, што е 30% од предвидениот дефицит за цела година. Ова ќе иницира ребаланс, и ново задолжување, кое ќе треба да го враќаат и уште неродените деца.

И додека економијата тоне, цените вртоглаво растат, за година иполовина цените на горивата скокнаа за над 60%, зејтинот за 40%, брашното за 38%, млекото за над 20%. Буквално нема производ чија цена не е драстично зголемена.

Цените растат, трошоците за животот исто така, а власта одбива покачување на платите, дури и минималната плата која имаше зголемување, е еден вид израмнување, затоа што инфлацијата веќе одамна ја има изедено минималната плата.

Денес во Македонија имаме сиромаштија. 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден.

Со Ковачевски и СДСМ дното само ќе се продлабочува. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тоне

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство