Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и ветровито со мала облачност

Утре сончево и ветровито со мала облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието (повремено со брзина над 60 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела

Можете да прочитате

Возач на мопед тешко повреден по сообраќајка во Струмичко

Фатени двајца дрвокрадци во Велешко

МВР му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Струга