Утрински Весник
Македонија

Тупанчески: Владеењето на правото и спроведувањето демократски принципи клучни на реформскиот пат

Тупанчески: Владеењето на правото и спроведувањето демократски принципи клучни на реформскиот пат
Dik 300x250 mk

Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, на која разговараа за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, за напредокот во спроведувањето на реформската агенда, како и за приоритетите на Министерството за правда опфатени со новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027.

Тупанчески го честита претседавање на Франција со Советот на ЕУ нагласувајќи ја европската определба на Северна Македонија и очекувањата дека ќе се потврди посветеноста на Франција за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, што е голема важност за европските перспективи за земјите од регионот.

На средбата министерот ја потенцираше круцијалната улога на Министерството за правда во спроведувањето на реформите од поглавјето 23 во пристапните преговори со Европската Унија, укажувајќи дека неопходно е спроведувањето на демократските принципи и владеењето на правото на реформскиот пат и дека судските реформи од една страна мора да обезбедат независност и непристрасност на судството, но од друга страна и негова одговорност.

Тема на разговор беа и приоритетите на Министерството за правда во следниот период со фокус на законодавната агенда и новите законски решенија на кои се работи во моментот, потенцирајќи го годишниот Извештај на Европската комисија како водилка во овој процес, особено во спроведувањето на препораките во Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“.

Амбасадорот Бомгартнер ја поздрави нашата европска определба и посветеноста во реализацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 за поглавјето 23, како и зајакнувањето на независноста на судството и ја изрази својата отвореност за давање стручна поддршка и продлабочување на соработката.

Можете да прочитате

Aртилериска граната од Првата светска војна откриена во Битолско

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Обиена филијала на Бит Пазар, украден сеф со пари