Утрински Весник
Свет

ЕУ ги најави првите пакет-санкции против Русија

ЕУ ги најави првите пакет-санкции против Русија

Првите пакет-санкции на Европската Унија против Русија поради признавањето на сепаратистичките територии во Украина ќе биде претставен попладнево во Париз, најавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Пакетот, како што се наведува, вклучува мерки против „оние што се вклучени во незаконската одлука и банките што ги финансираат руските војни и други операции на териториите на Донецк и Луганск“.

Предложени се и мерки насочени кон способноста на руската држава и влада да пристапат до капиталот и финансиските пазари и услуги на ЕУ, мерки насочени кон трговијата меѓу двата сепаратистички региона и ЕУ.

 

Можете да прочитате

„Емирати“ забранува пејџери на летовите

Двајца команданти на Хамас убиени во напади во Либан

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион