Утрински Весник
Свет

САД ја поздравија одлуката на Германија за „Северен тек-2″

САД ја поздравија одлуката на Германија за „Северен тек-2″

Белата куќа ја поздрави одлуката на Германија за запирање на проектот за гасоводот „Северен тек 2″, откако Русија ја призна независноста на двата сепаратистички региони во источна Украина.

„Нашиот претседател јасно стави до знаење дека доколку Русија ја нападне Украина, ќе работиме со Германија за да се обезбедиме дека „Северен тек 2″ нема да биде пуштен во употреба, рече портпаролката на Белата куќа“, Џен Псаки .

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно денеска изјави дека поради ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, германската влада го запира процесот за одобрување на гасоводот „Северен тек 2“

Можете да прочитате

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината

Над пет милиони луѓе во Италија живеат во апсолутна сиромаштија