Утрински Весник
Свет

„Вашингтон пост“: Путин доби дозвола за испраќање војска надвор од границите на Русија

„Вашингтон пост“: Путин доби дозвола за испраќање војска надвор од границите на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин побара од парламентот официјална дозвола за употреба на воена сила надвор од границите на земјата, пишува Вашингтон пост.

Набргу потоа, пишува весникот, Горниот дом на рускиот парламент гласаше за испраќање војници надвор од границите на Русија. Одобрувањето беше изгласано експресно, во рок од еден час откако Путин го побара тоа.

Писмото на Путин до Горниот дом на парламентот го официјализираше военото распоредување на Русија во бунтовничките региони во источна Украина, еден ден откако рускиот претседател ја призна нивната независност.

САД: Ова е инвазија

Западните лидери претходно изјавија дека руските трупи се распределиле на истокот на земјата, а САД тоа го нарекоа инвазија. Претходно истиот ден, Путин потпиша договори за пријателство со двата бунтовнички региони, кои предвидуваат распоредување на руската армија таму. „Би-би-си“ пишува дека овој потег може да ја отвори вратата за инвазија на Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија засега нема да испраќа војници во источна Украина.

Можете да прочитате

„Емирати“ забранува пејџери на летовите

Двајца команданти на Хамас убиени во напади во Либан

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион